Ekipa
19 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
КАБУЛ (АА) - Во утринскиот бомбашки самоубиствен напад во јужниот дел на Авганистан загинаа најмалку 20 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на покраинското Собрание, Ата Џан Хак, за АА изјави дека во големата експлозија што се случила во болницата во Забул, исто така, биле повредени повеќе од 90 лица.
Локалното радио „Салам Авганистан“ (Salam Afghanistan) објави дека тим од лекари е испратен од Кандахар во Забул за да им помогне на локалните здравствени власти во давањето помош на жртвите.
Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, тврдејќи дека ја погодиле регионалната канцеларија на Агенцијата за разузнавање, Национален директорат за безбедност, што се наоѓа во близина.