Ayşe Aktaş
13 Јуни 2017•Ажурирај: 14 Јуни 2017
ДАКА (АА) - Во свлечиште што се отвори во југоисточниот дел на Бангладеш, животот го загубија 48 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите во локалните медиуми, причина за појавата на свлечиштето се интензивните врнежи од дожд во југоисточниот дел од земјата, кој е планински регион. Во текот на вчерашниот ден врнежите од дожд се интензивираа, а тоа доведе до отворање на свлечиште коешто затрупа голем број куќи. Во оваа катастрофа животот го загубија најмалку 48 лица.
Резуал Карим, портпарол на војската, изјави дека свлеч на еден автопат, а жиштето се отворило во близинаивотот го здвајцаагубиле двајца офицери и војници кои биле дел од спасувачката екипа. Портпаролот соопшти дека две лица сѐ уште се водат за исчезнати.
Од поплавите и слечиштата што настанаа по обилните дождови коишто го зафатија југоисточниот дел на Бангладеш, во Рангамати загинаа 26 лица, во Читагонг 12, а во Бандарбан 10 лица.
Претставник од Управата за справување со катастрофи, Реаз Ахмед, изјави дека во подрачјето продолжуваат операциите за пронаоѓање и спасување на настраданите во несреќата.
Претставникот Ахмед изјави дека екипите не се во можност да пристапат до некои далечни подрачја, и додаде дека е загрижен поради можноста да се зголеми бројот на загинатите.