Bahtiyar Abdukerimov
05 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
ТАШКЕНТ (АА) - Најмалку пет лица загинаа во свлечиште на планинскиот превој Камчик во источен Узбекистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за вонредни состојби наведе дека лизгањето на земјиштето се случило на планинскиот превој Камчик и дека притоа голема количина на земја завршила на пат кој се наоѓа на тој дел.
Потрупани се две возила кои во моментот на одронот минувале по таа делница. Спасувачките екипи спасија шест лица. Исто така, извлечени се и тела на пет лица.
Преку планинскиот превој Камчик се наоѓа патен правец кој ги поврзува Фергана, Наманган, Андиџан со останатите подрачја. Свлечиштата на ова подрачје се честа причина за несреќи кои резултираат со смрт.