Zafer Fatih Beyaz
15 Април 2022•Ажурирај: 15 Април 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека е запленето големо количество оружје на терористичката организација ПКК како дел од активностите за пребарување и скенирање во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека продолжуваат операциите против терористички цели на северот на Ирак.
Исто така, се наведува дека командосите извршиле акција во едно засолниште, при што е запленето голем број видови оружје на терористичката организација ПКК.
Во акцијата, според соопштението, запленети се 110 пешадиски пушки АК-47, 110 пешадиски пушки АК-74, 3 пешадиски пушки АК-12, 4 ракетни фрлачи РПГ-7, митралези ПКМС калибар 7,62 мм, митралези МГ-3.