Adham Kako
05 Август 2018•Ажурирај: 06 Август 2018
АНКАРА (АА) - Минатиот месец во Сирија се заробени 647 лица, од кои 59 деца и 79 жени. За ова, како што наведува Сириската мрежа за човекови права (SNHR), главно се одговорни припадниците на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на Сириската мрежа за човекови права се вели дека во Сирија, само минатиот месец без причина се заробени 647 лица.
Во извештајот се истакнува дека режимските сили во јули привеле 419 лица, од кои 36 деца и 51 жена, додека терористите на ЈПГ/ПКК заробиле 66 лица, од кои 14 деца и 16 жени.
Терористите на ДЕАШ, под обвинение дека не се придржуваат на наредбите на организацијата или поради поврзаност со опозицијата, заробија 37 лица, од кои 4 деца и 7 жени.
Во истиот временски период опозицијата и антирежимските вооружени групи Хајат Тахрир ал Шам заробија 125 лица, од кои 5 деца и 5 жени.
Во извештајот се наведува дека за поголемиот дел од самоволните приведувања се одговорни припадниците на режимот.
Податоците покажуваат дека од јануари до јули, низ цела Сирија се приведени 4.729 лица.