Nour Mahd Ali Abu Aisha,Ayşe Sümeyra Aydoğdu
05 Август 2018•Ажурирај: 05 Август 2018
ГАЗА (АА) - Израелски воен авион изврши воздушен напад врз местото Бејт Лахија во Појасот Газа. Според првичните информации, во нападот се ранети две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелски воен авион, под образложение дека од страната на Газа се пуштени запалено летало и балон, изврши напад врз местата кои се наоѓаат во близина на местото од каде се пуштени летечките субјекти.
Според првичните информации, во нападот се ранети две лица.
Израелската војска даде писмено соопштение во врска со нападот, во кое наведува дека „извршен е напад врз возилото во кое се наоѓале лицата кои ги полетале запаленото летало и балонот“.