Ömer Erdem
04 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
КАРТУМ (АА) – Суданскиот Транзициски воен совет и Цивилниот опозициски сојуз потпишаа прелиминарен договор за Уставната декларација со која ќе се стави крај на политичката криза во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Прелиминарниот договор за Уставната декларација го потпишаа Ахмед ер Раби, портпаролот на Силите на слободата и промените и генералот Мухамед Хамдан Дакалу Хмиди, потпретседателот на Транзицискиот воен совет, на средбата што се одржа во Картум, со посредство на Африканската Унија и Етиопија.
Мухамед Хасан Лебат, специјален претставник на Африканската Унија во Судан и медијатор, истакна дека конечниот договор за Декларацијата ќе биде потпишан на 17 август.
Транзицискиот воен совет и Силите на слободата и промените на 17 јули потпишаа заедничка Декларација за 39-месечна привремена заедничка власт.