Ekip
21 Март 2022•Ажурирај: 22 Март 2022
ТУНИС (АА) - Два воза се судрија во главниот град Тунис, при што се повредени 95 патници, според локалните власти, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нема жртви во несреќата“, изјави Моез Треа, портпаролот на Националната канцеларија за цивилна заштита на Тунис, за АА.
Тој рече дека повредените во судирот се префрлени во болница на лекување.
„Туниските железници започнаа истрага за да ги одредат причините за судирот“, додаде тој.