Sarp Özer
11 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
АНКАРА
Терористите кои ја знаат чувствителноста на Турските вооружени сили (ТСК) кон верските и културните објекти, се обиделе да ги нападнат турските војници користејќи ја како база црквата во Тел Абјад. Tурските војници ги преземаат сите потребни мерки, дури и да задоцни операцијата и ги продолжуваат своите активности зачувувајќи ја чувствителноста што ја покажаа во претходните операции, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносните извори, операцијата „Извор на мирот“ против терористите во североисточниот дел на Сирија продолжува успешно и според планираното.
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека терористите на терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ криејќи се во болници, училишта и згради користени од страна на народот, вршат минофрлачки и ракетни напади врз цивилните населени места во Турција. Според соопштеното, терористите реализираат нова валкана игра.
Оваа терористичка организација претходно во Мардин и Шанлиурфа уби невини цивили, меѓу кои и деветмесечно бебе.
Во исто време, терористичката организација која е убиец на бебиња, црквата во Тел Абјад почна да ја користи како база.
Припадниците на ПКК/ПЈД-ЈПГ, кои ја знаат чувствителноста на ТСК кон верските и културните објекти, од оваа црква ги напаѓаат турските војници. Терористите вршат провокација со цел да ги натераат турските војници да пукаат кон местата кои ТСК ги прогласија за недопирливи.
Од друга страна, турските војници ги преземаат потребните мерки, дури и да задоцни операцијата, и и ги продолжуваат своите активности зачувувајќи ја чувствителноста кон верските и културните објекти што ја покажаа и во претходните операции.
Оваа операција се темели на правата на Турција кои произлегуваат од меѓународното право, правото на самоодбрана и се реализира во согласност со начелата на Повелбата на ОН и резолуциите на Советот за безбедност кои се однесуваат на борбата против тероризмот, и се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Како што беше и во операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, ТСК и во операцијата „Извор на мирот“ ги таргетираат само терористите и нивните упоришта, засолништа, позиции, оружја, возила и опрема.
Во рамки на операцијата, се придава внимание да не се наштети на можното присуство на елементите од пријателските и сојузничките земји, како и на невините цивили и историските, културните, верските објекти и инфраструктурата во овој регион.