Alaattin Doğru
24 Декември 2021•Ажурирај: 26 Декември 2021
ПАРИЗ
Зоолошка градина во областа Тарн на југот на Франција е затворена откако од неа избегаа девет волци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми објавија дека волците избегале од кафезот на 19 декември од зоолошката градина во градот Монтредон-Лабесони. Од избеганите волци, четири беа убиени од страна на вработените во зоолошката градина, а пет се успиени.
Зоолошката градина ќе биде затворена до средината на јануари заради подобрување на безбедносните услови. За време на бегството на чопорот од волци, во зоолошката градина имало посетители кои биле успешно евакуирани.
Зоолошката градина „Троис Вале“ е дом на околу 600 животни од 70 вида.
Зоолошката градина по налог на гувернерот е затворена на 22 октомври минатата година, поради загрозување на безбедноста на животните, персоналот и посетителите. Меѓутоа, Окружниот суд во Тулус на 2 ноември ја поништи одлуката на гувернерот, наведувајќи дека „сериозно ги крши правото на имот, слободата на претпријатието, трговијата и индустријата“.