свет

Во Франција покренат бран на штрајкови и протести

Откако компаниите во возудшниот и железнички сообраќај во Франција донесоа одлука за стапување во штрајк, учество во штрајк најавија и пензионерите и вработените во јавната служба

Ömer Aydın  | 17.03.2018 - Обновена : 18.03.2018
Во Франција покренат бран на штрајкови и протести

Ile-de-France

ПАРИЗ (АА) - Откако компаниите во возудшниот и железнички сообраќај во Франција донесоа одлука за стапување во штрајк, учество во штрајк најавија и пензионерите и вработените во јавната служба, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите на АА, вработените во голем број сектори во Франција во наредните денови ќе стапат во штрајк и ќе организираат протести.

Националната железничка компанија SNCF соопшти дека поради, незадоволството со реформите кои ги спроведува Владата, од април ќе започне штрајк кој ќе трае 36 дена, а во рамките на кој два дена неделно ќе доаѓа до поспоро одвивање на железничкиот сообраќај.

Лидерот на синдикатот CGT, Лорент Брун, потврди дека протестот ќе се одржи во Париз на 22 март, а околу 25.000 граѓани се очекува да присуствуваат. Тој рече дека штрајкот ќе продолжи додека француската влада не направи чекор назад.

Исто така, беше објавено заедничко соопштение на седум синдикати кои ги претставуваат француските работници и наведено е дека истиот ден исто така ќе биде организиран протест.

Своите вработени на протести на 22. март ги повика и претпријатието „RATP", задолжено за трамвајскиот и метро сообраќај во Париз. Порачано е дека вработените на ова претпријатие се противат на приватизацијата на компанијата, и дека ќе штрајкуваат од 21 до 23 март.

Вработените на француската авиокомпанија „AirFrance" одлучија да стапат во трет штрајк овој месец. Тие и претходно протестираа против лошите услови на работа и ниски плати, а по штрајкот на 23 ќе стапат во штрајк и на 30 март.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın