Ekip
17 Март 2018•Ажурирај: 19 Март 2018
КАИРО (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека епидемијата со дифтерија во Јемен брзо се проширила низ целата земја и инфицирала повеќе од 1.300 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Од СЗО соопштија дека децата и жените се состојат од речиси 80 отсто од забележаните случаи со дифтерија, а дека досега починале повеќе од 70 лица.
Дифтеријата, која првобитно се појави во Јемен во октомври минатата година, е заразна и потенцијално фатална болест која првенствено го напаѓа грлото и дишните патишта.
СЗО вчера објави дека во кампањата со вакцинации која била насочена на 2,7 милиони јеменски деца е завршена во 11 покраини.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна кога бунтовниците, предводени од шиитското движење на Хусите, го зазедоа главниот јеменски град Сана, а потоа и други региони.
Судирите во Јемен дополнително ескалираа во 2015 година, кога Саудиска Арабија со своите арапски сојузници започнаа воздушна кампања со цел враќање на придобивките на Хусите во Јемен.