Abdullah Aşıran
07 Јануари 2023•Ажурирај: 10 Јануари 2023
Во холандскиот град Утрехт се одржа уметничкиот фестивал на светлината именуван како „I Light U“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Второто издание на фестивалот се одржа во околината на железничката страница во градот, а е организирано од страна на Фондацијата „Unchain The Tigers“.
Делата од светлина се дизајнирани од страна на холандски, како и на странски уметници.
Во рамки на фестивалот преку овие дела се пренесуваат различни теми, меѓу кои враќањето дома на учениците, работниците, патниците и мигрантите.
Љубителите на уметноста ќе имаат можност до 29 јануари да го посетат фестивалот.