Atila Altuntaş
18 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Во последните 10 години, 1 милион лица се откажаа од членството во црква, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави шведската државна телевизија „SVT“ (СВТ), во земјата во последните 10 години, 1 милион лица се откажале од своето членство во црквите.
За шведската државна телевизија говореше Борје Холгерсон, претседателот на шведскиот црквен совет. Тој истакна дека во последните 10 години е забележано сериозно намалување на членството, што е причина за економската криза во која се наоѓа шведската црква. Поради економската криза, повеќе од 1.000 цркви се дадени на продажба.
По објавувањето на веста, Антје Јакеле, архиепископот на шведската црква стана цел на обвинувања на социјалните мрежи. Во постовите што ги споделија припадниците на екстремната десница, Јакеле е обвинувана дека „само го фалела исламот и божјиот пратеник Мухамед, а не ги заштитила црквите кои се дадени на продажба“.
Претходно Јакеле даде изјава за весникот „Morgonbladet“ (Моргонбладет) во која вели: „Мухамед не е лажен божји пратеник. Муслиманите и христијаните веруваат во ист Господ. Сметам дека и денес Мухамед им претставува инспирација на милиони луѓе за правда, мир и подобар живот”.