Fatih Erel
11 Септември 2018•Ажурирај: 11 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во натпреварот во Лигата на нации на УЕФА, на стадионот „Френдс арена“ во Шведска, Турција успеа да направи пресврт и по негативата од двата погодоци и водството на Шведска од 2 : 0, дојде до победа во финишот на натпреварот од 2 : 3, јавува Anadolu Agency (AA).
Првото полувреме заврши со резултат 1 : 0, со голот на играчот на Шведска Исак Кисе Телин. На почетокот од второто полувреме Виктор Класон постигна погодок за Шведска и воство од 2 : 0.
Но кратко потоа, Хакан Чалханоглу ја затресе мрежата на Шведска и намали на 2 : 1.

Емре Акбаба кој влезе во 62 минута од натпреварот стана човекот на одлука на натпреварот. Акбаба со постигнатите два погодоци во 88. и 90+1 минута од натпреварот на Турција и донесе значајна победа во гости од 2 : 3 во Лигата Б, Група 2 од ЛИгата на нации на УЕФА. Тоа беше прв натпревар на Шведска во новоформираното натпреварување на УЕФА.
Петтиот ден од натпреварувањето во Лигата на нации се одиграа осум натпревари.
Резултати од петтиот ден на Лигата на нации на УЕФА:
- Лига А
Група 3: Португалија - Италија: 1 : 0
- Лига Б
Група 2: Шведска - Турција: 2 : 3
- Лига Ц
Група 1: Шкотска - Албанија: 2 : 0
Група 4: Србија - Романија: 2 : 2
Група 4: Црна Гора - Литванија: 2 : 0
- Лига Д
Група 1: Андора - Казахстан: 1 : 1
Група 3: Малта - Азербејџан: 1 : 1
Група 3: Косово - Фарски Острови: 2 : 0