Recep Şakar
09 Ноември 2019•Ажурирај: 10 Ноември 2019
МЕЛБУРН (AA) - Најмалку две лица смртно настрадаа, а 30 се повредени во шумскиот пожар во австралиската покраина Нов Јужен Велс (NSW), јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе од 100 куќи изгореа, а во тек е акција за пронаоѓање и спасување на седум исчезнати лица.
Локалните медиуми наведуваат дека силниот ветер и температурата од околу 35 степени Целзиусови го отежнуваат гасењето на пожарот, кој е активен два дена. Голем број лица се заробени во куќите, а некои се и евакуирани.
Началничката Глен Инеса Керол Спаркс потврди дека на тоа подрачје смртно настрадале две лица. Моменталната ситуација ја нарече страшна.
„Изгубени се училишта, луѓето останаа без животите и куќите. Граѓаните работеа на спасување на куќите“, појасни Спаркс.
Пожарите и понатаму се закануваат на населените подрачја, а во подрачјето се испратени околу 70 авиони и повеќе од 1.000 пожарникари.
Австралија секоја година се бори со шумските пожари. Пред 10 години во пожар животот го загубија 173 лица, а 414 беа повредени.