Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
09 Ноември 2019•Ажурирај: 11 Ноември 2019
ИДЛИБ (АА) - Воените авиони на Русија извршија воздушен напад врз шаторски камп во зоната за деескалација во сирискиот град Идлиб, при што животот го загуби едно дете, додека тројца цивили се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според Опсерваторијата за авиони при опозицијата, руските воени авиони во ноќните часови извршиле воздушни напади во различни места како Џисир еш Шугур, Ел Нејреб, Шејх Мустафа, Рекаја, Бидама и Кебине, кои се наоѓаат во зоната за деескалација во Идлиб.
Од друга страна, според информациите добиени од претставниците на Цивилната одбрана во Идлиб, едно дете загина, додека тројца цивили се повредени во воздушниот напад извршен врз кампот каде што се засолнуваат цивилите кои биле присилно раселени од подрачјето на Ел Нејреб во Идлиб.
Инаку, над 25 лица смртно настрадаа во воздушните напади извршени во последната недела во населените места во зоната за деескалација во Идлиб од страна на воените авиони на Русија и Асадовиот режим.
Од денот на потпишување на договорот меѓу Турција и Русија, односно од 17 септември 2018 година досега, во нападите на режимот и Русија во зоната за деескалација во Идлиб загинаа над 1.300 цивили.