Mücahit Oktay
18 Октомври 2021•Ажурирај: 19 Октомври 2021
ЊУЈОРК
Во Њујорк денес се отворa изложбата на Агенција Анадолија на која ќе бидат изложени победничките фотографии на меѓународниот натпревар „Istanbul Photo Awards 2021“, известува Агенција Анадолија (АА).
Избор од 40 фотографии што покриваат големи настани низ целиот свет во текот на изминатата година ќе бидат изложени две недели во седиштето на ОН.
Церемонијата на отворање ќе се одржи во новоотворениот центар „Туркеви“, или Турска куќа, во Њујорк.

Постојаната мисија на Турција во Обединетите нации ќе помогне да се отвори изложбата што е спонзорирана од „Туркиш ерлајнс“ и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).
Гости на церемонијата се постојаниот претставник на Турција во ОН, Феридун Шинирлиоглу, Исмаил Чаглар, член на управниот одбор на Агенција Анадолија и Огуз Енис Перу, заменик-генерален директор на агенцијата.
Фотографиите ќе бидат преместени во седиштето на ОН по церемонијата и ќе бидат изложени за меѓународните дипломати и други посетители до 29 октомври.
Фотографијата на Мохамед Шајахан од Бангладеш со наслов „Љубовта на мајката“ ја освои наградата за Фотографија на годината.
Седмото издание на наградите и изложбата се организирани од Агенција Анадолија (АА).
Меѓународното жири составено од девет лица ги одбираат победниците секоја година.