Tufan Aktaş
17 Септември 2021•Ажурирај: 19 Септември 2021
ИСТАНБУЛ
Во Џибути е приведен Фахад Јасин, советникот за национална безбедност на Сомалија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Абдирашхид Хаши, директорот за комуникации во Претседателскиот кабинет на Сомалија, во изјавата споделена на својот профил на социјалната мрежа Твитер нагласи дека го осудуваат незаконскиот притвор на Фахад Јасин на аеродромот во Џибути.
Хаши предупреди дека ваквите иницијативи нема да помогнат во подобрувањето на односите меѓу двете влади.
Поранешниот директор за разузнавање, Фахад Јасин, беше разрешен од страна на премиерот Мухамед Хусеин Робле на 6 септември по смртта на разузнавачката Икран Тахлил.
Реагирајќи на разрешувањето на Јасин, претседателот Мухамед Абдула Фермаџу назначи нов шеф на разузнавањето, а Јасин го постави како негов советник за национална безбедност.
- Борбата за власт трае со недели
Откако изборите во Сомалија, планирани да се одржат на почетокот на годината, беа постојано одложувани, опозицијата објави дека не го признава Фермаџу за претседател.
Од друга страна, Фермаџу на премиерот Мохамед Хусеин Робле му даде овластување да управува со изборниот процес со цел да ги намали тензиите во земјата.
Додека дебатата за овластувањата помеѓу Фермаџу и Робле, која трае со недели, повторно ги крена тензиите во земјата, двајцата државни функционери меѓусебно се обвинуваат за противуставни дејствија.