Ömer Koparan
17 Септември 2021•Ажурирај: 19 Септември 2021
АЛ БАБ (АА) - Седум цивили се повредени во експлозија на автомобил-бомба во подрачјето на Ал Баб во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бомба поставена на возило е активирана во населбата Земзем во Ал Баб, кој беше расчистен од тероризмот со турската операција „Штитот на Еуфрат“.
Во терористичкиот напад повредени се 7 лица.
Повредените се пренесени во болница, а пожарникарите го гаснеле пожарот што избувнал по експлозијата.
Експлозијата предизвика материјална штета на возилата и продавниците во околината.
Локалните безбедносни сили вршат истрага на местото на настанот. Се фокусираат на можноста нападот да бил организиран од терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Подрачјето на Ал Баб во северна Сирија е расчистено од терористичката организација ДЕАШ во февруари 2017 година, како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“.