Hamdi Yıldız
29 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
ТРИПОЛИ (АА) - Најмалку пет лица загинаа во авионска несреќа што се случи денеска во југозападниот дел на Либија, јавува Anadolu Agency (AA).
Воениот товарен авион се урна кратко време по полетувањето од аеродромот во близина на најголемото либиско нафтено поле Шераре.
Неименувани безбедносни извори јавија дека авионот се урнал по полетувањето кон Триполи и дека само едно лице преживеало, од вкупно шест лица во авионот.
Истите извори истакнаа дека станува збор за авион на воените сили на Либија кој бил ангажиран во транспортот на техничка опрема за нафтеното поле.