İhvan Radoykov
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
СОФИJА (АА) - Министерот за одбрана на Бугарија Николај Ненчев, рече дека e успешно завршена мисијата за обезбедување на воздушниот простор на Бугарија која била поддржана од страна на авионите на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Ненчев, рече ја цени поддршката на двата американски авиони, кои во рамките на вежбите „Air Policing" учествуваа во воздухопловните сили на земјата во текот на една недела, заедно со Миг-29 авиони од Бугарија.
„Има долго време oткако нашиот воздушен простор не беше толку сигурен", изјави Ненчев.
Тој додаде дека во текот на работите што се изведуваат со воздушните сили на САД немале никакви проблеми. Бугарскиот министер рече дека во иднина овој вид на соработка да продолжи со други сојузнички авиони на НАТО.
Ненчев најави дека се очекува моторите на двата МИГ авиони, кои беа на крајот од нивната употреба и се санираа во Полска, во рамките на соработката со оваа земја, да се вратат во Бугарија.
Бугарскиот министер за одбрана активностите за обука кои се одржаа на крајот на процесот ги проследил од тип борбен авион Ф-15.
За време на вежбата, два Миг-29 и два Ф-15, го придружија еден авион каде патник предизвика безбедносни проблеми, и му овозможувале на авионот да направи присилно слетување.