Atila Altuntaş
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
СТОКХОЛМ (АА) - На летот Истанбул-Стокхолм во авионот Пегасус Ејрланс, сиријка роди машко бебе, а патниците аплаудираа, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на безбедноста за транспорт на Шведска (Swedevia) соопшти дека трудницата прво осетила болки за време на летот над Украина и дека притоа на задниот дел од авионот, со помош на персоналот од екипажот и една турска медицинска сестра, родила машко дете.
Породувањето се случило 45 минути пред слетување на авионот на аеродромот во Стокхолм.
Новороденчето и мајката се во добра состојба и се згрижени во болница во главниот град на Шведска.
Патничката Нисирин Сабунчу била преведувач за време на породувањето во авионот, со оглед на тоа дека родилката зборувала само на арапски, а за шведските медиуми изјави дека сиријката трудница била исплашена, но дека се поминало во добар ред, бидејќи во помош дошла една турчинка која учела во медицинско училиште
„Породувањето се одвиваше во нормален тек, а бебето со аплауз го поздравија сите патници. Кога слетавме, на аеродромот не чекаше полицијата и лекарсакта екипа која ја пресече папочната врвца и ги префрли мајката и бебето во болница”, изјави Сабунчу.