Mahmut Atanur
11 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
ЏАКАРТА
Патнички воз удри во автомобил во Индонезија. Во оваа железничка несреќа животот го загубија 3 лица, а 4 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави весникот „Компас“ (Kompas), во местото Маланг во индонезиската провинција Источна Јава, патнички воз удрил во возило на местото на кое се вкрстувале железничка пруга и пат.
Претставници на власта информираа дека при железничката несреќа, возот го влечел возилото околу 200 метри, додавајќи дека во овој немил настан животот го загубиле 3 лица, а 4 се повредени.