Jeyhun Aliyev
11 Септември 2020•Ажурирај: 12 Септември 2020
АМАН
Масивна експлозија го погоди градот Зарка во централниот дел на Јордан, која беше проследена со пожар, јавуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дневниот весник „Ал Гад“ (Al Ghad) цитираше безбедносен официјален претставник, кој зборуваше анонимно, а кој рече дека експлозијата се случила во артилериски камп на армијата во областа Ал Габави во Зарка, која е лоцирана североисточно од градот Аман.
Локалните медиуми јавуваат дека безбедносните сили се обиделе да го изгаснат пожарот.
На социјалните мрежи се поставени неколку видеоснимки од експлозијата, а причината за експлозијата е сѐ уште непозната.
Досега не е издадено официјално сооопштение за загубени животи како последица на експлозијата.