Aydoğan Kalabalık
01 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
ТРИПОЛИ
Воздухопловните сили при либиската влада го погодија автобусот во кои се наоѓале припадници на милицијата на лидерот на илегалните вооружени сили во источниот дел на земјата, Калифа Хафтар, кои била во подготовка за напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мухамед Кунуну, портпарол на вооружените единици при Владата на национално единство (УМХ) која е лигитимниот претставник на Либија во рамки на Обединетите нации (ОН), оваа информација ја потврди преку соопштение објавено на профилот на социјалните мрежи на операцијата „Вулкан на гневот“.
Кунуну нагласи дека либиските владини сили во рамки на воздушната операција реализирана во подрачјето на Несме кое се наоѓа на околу 200 километри јужно од либискиот главен град Триполи, го погодиле автобусот во кои се наоѓале припадници на милицијата на Хафтар.
Тој не даде информации околу неутрализираните припадници на милицијата, како и за повредени.
Воздуопловните сили на УМХ денес извршија три одделни операции против милицијата на Хафтар.