Kaan Bozdoğan
01 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Според ова соопштение, Ердоган и Фон дер Лејен разговараа за можностите за соработка во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19), како и за заедничките чекори кои може да се направат по оваа пандемија.
Исто така, се нагласува дека Ердоган и Фон дер Лејен се осврнаа и на регионалните прашања.