Gamze Türkoğlu Oğuz
27 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) – Вкупно 7 лица, меѓу кои четири деца, ги загубија своите животи при воздушен напад на болница во руралниот северозападен дел на Јемен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Фондацијата „Спасете ги децата“ („Save the Children“) во своето соопштение истакнува дека при вчерашниот воздушен напад паднал проектил на бензинска пумпа во близина на влезот на болницата „Китаф“, која се наоѓа на 100 километри од градот Саада.
Фондацијата која ја поддржува болницата „Китаф“ објави дека при нападот извршен во утринските часови животот го загубиле вкупно 7 лица, од кои 4 деца, а 8 лица биле повредени.
„Згрозени сме од овој суров напад. Во нападот извршен без да се направи разлика дали е болница, каде што живее цивилно население, убиени се невини деца и здравствени работници. Ваквите напади спаѓаат во кршење на меѓународното право“ истакна менаџерот на Фондацијата, Хеле Торнинг-Шмит.
Торнинг-Шмит истакна дека веднаш треба да се прекине продажбата на оружје на завојуваните страни во Јемен, и да се зголеми дипломатскиот притисок за да се стави крај на сидирите.
„Ние мораме да ставиме крај на оваа војна, во која децата се цел“, додаде тој.
Во Јемен е средиште на судирите помеѓу Хусите и владините сили. Хусите од септември 2014 година ја презедоа контролата врз главниот град Сана и некои други региони. Коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија од март 2015 година ја поддржуваат Владата на Јемен против Хусите.