Tufan Aktaş
04 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ
Населението на источноафриканска земја Кенија, во 2009 година изнесуваше 37,7 милиони, а денес во 2019 година достигна 47,6 милиони, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според резултатите од пописот во август објавени од Националниот завод за статистика, во Кенија живеат 23,6 милиони мажи и 24 милиони жени.
Според пописот од 2009 година Кенија имаше население од 37,7 милиони, а во последните 10 години популацијата на оваа земја се зголеми за 10 милиони и достигна бројка од 47,6 милиони.
Според статистичките податоци, најбројни градови во Кенија се Најроби, Киамбу, Накуру, Какамега и Бунгома.