Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
15 Декември 2019•Ажурирај: 16 Декември 2019
ИДЛИБ (АА) - Авионите на режимот на Асад извршија бомбардирање врз населените места што се наоѓаат во границите на зоната за намалување на тензиите во Идлиб. Во нападот животот го загуби едно лице, а седуммина се ранети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Воени авиони на режиот на Асад од утринските часови ги бомбардираат селата Мааршурин, Тух и Кебине во подрачјето Маратинуман, сместени во границите на деескалационата зона во Идлиб.
Според информациите добиени од Цивилната заштита на Идлиб, цел на авионските напади била фурна во селото Мааршурин, која е разурната и повеќе не може да се користи.
Во бомбардирањето на друг дел од истото село животот го загуби едно дете, а седум цивили се ранети.
Режимот на Башар ал Асад и неговиот поддржувач Русија на 7 декември бомбардираа пазари што се наоѓаат во границите на деескалационата зона во Идлиб. Во овие напади загинаа 19 цивили.
Во нападите што режимот и Русија ги реализираа од потпишувањето на Договорот меѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година досега, во деескалационата зона во Идлиб загинаа над 1.300 цивили.
Бројот на лицата кои мигрираат од зоните каде што се интензивирани нападите кон зоните блиску до турската граница, во последната година надмина 1 милион.