Ahmet Dursun
21 Декември 2015•Ажурирај: 22 Декември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) - Посетата на сирискиот претседател Башар ал Асад на Иран, планирана за крајот на оваа година, ќе биде проследена со големи мерки на безбедност, пренесува Anadolu Agency (AA).
Патувањето на Асад од Дамск до Техеран ќе биде проследена со големи мерки на безбедност, а како што наведуваат иранските медиуми, авионот на сирискиот претседател ќе го следат четири борбени руски авиони со дозвола за отворање оган на секое летало кое ќе му се приближи на "воздушниот конвој". Како што јави иранската новинска агенција "Фарс", посетата на Башар ал Асад на Техеран ќе биде проследена со опсежни мерки на безбденост, посебно при неговото доаѓање и заминување од Иран.
Либанскиот весник "Al-Diyar" наведе дека и коалицијата за борба против терористичката организација ДАЕШ, предводена од САД, е известена за планот на патување на Башар ал Асад во Техеран и за безбедносните мерки кои ќе бидат преземени. Иранските медиуми претходно, повикувајќи се на извор близок на официјален Техеран, јавија дека Асад ќе го посети Иран кон крајот на декември. Деталте на посетата не се соопштуваат поради безбедносни причини.
Асад од почетокот на војната, која од 2011 година во Сирија однесе над 400.000 животи, својата прва посета во странство ја изведе на 21-ви октомври оваа година во Русија, каде беше примен од рускиот претседател Владимир Путин. Информацијата за таа посета објавена е по враќањето на Асад во Дамаск