Alaattin Doğru
15 Декември 2019•Ажурирај: 16 Декември 2019
ДАКАР
Во североисточниот дел на Демократска Република Конго се урна дел од рудник за злато кој работел незаконски. Во оваа рударска несреќа животот го загубија 30 рудари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според пишувањата на локалните медиуми, во подрачјето Ватска, сместено во близина на границата со Уганда, на длабочина од 17 метри дошло до уривање на дел од рудник кој работел незаконски.
Спасувачките екипи дошле до телата на 30 рудари кои останале под урнатините на рудникот, но не се знае колку точно луѓе имало во рудникот во моментот на несреќата.
Се дознава дека поради фактот што рудникот кој работел незаконски се наоѓа далеку од населено место, несреќата е забележана еден ден подоцна.
Се истакнува дека до несреќата дошло поради силните врнежи од дожд.
Сиромашното население кое живее во рударските подрачја на ДР Конго која е богата со руда на злато, бакар и кобалт, неовласетно влегува во напуштените рударски тунели и работи во нив без да преземе какви било безбедносни мерки
Во октомври во источниот дел на земјата се урна дел од рудник за злато кој работел незаконски. Во таа несреќа животот го загубија 20 рудари.