Ekip
27 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
ПАРИЗ
Волонтер по потекло од Руанда призна дека го предизвикал неодамнешниот пожар во готичката катедрала во францускиот Нант, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во сабота на 18 јули избувнаа три пожар кои предизвикаа материјална штета во катедрала во Нант, а полицјата го приведе и ден подоцна на слобода го пушти 39 годишниот имигрант од Руанда кој првобитно негираше дека е одговорен за пожарот.
Волонтерот, кој беше задолжен за затворањето на катедралата навечер, денеска на полицијата и призна дека ги подметнал пожарите, а полицијата повторно го уапси и против него е покренато обвинение.
Повеќе од стотина пожарникари успеаа да го изгаснат пожарот во катедралата Сен Пјер, поради кој на обвинетиот волонтер му се заканува затворска казна во траење до 10 години.
Пожарот избувна само година дена дена од големиот пожар во париската кадедрала Нотр Дам во која е уништен кровот и врвот а кулата од катедралата.
Иако штетата не е од толкави размери како што првично се чинеше, тешко е и да се процени вредноста на изгорените оргули кои датираа од 17. век.
Не е ова прв пожар кој ја оштети катедралата во Нант. Делумно е уништена во бомбардирањето во Втората светска војна, а во пожарот од 1972 година потполно изгоре кровот. Катедралата е обновена 13 години потоа кога дрвен кров е сменет со бетонска конструкција.