Yusuf Özcan
27 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
ПАРИЗ
Антиисламски написи се испишани на ѕидот на една џамија во градот Аген кој се наоѓа во југозападниот дел на Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на француските медиуми, на ѕидот на една џамија во Аген напишани се антиисламски написи и нацртан и симбол на крст.
Министерот за внатрешни работи, Гералд Дарманин, преку социјалните мрежи нагласи дека го осудува овој напад врз џамијата.
Тој истакна дека ваквите напади се во спротивност со вредностите на републиката, изразувајќи солидарност со муслиманите во Аген.
Исламскиот совет на Франција го осуди овој акт на пишување антиисламски написи на ѕидот на оваа џамија.