Islam Uddin
27 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Кинеските власти денес ја презедоа контролата врз американскиот Конзулат во градот Ченгду, во југозападна Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што пишува кинескиот весник „Глобал Тајмс“ (Global Times), кинеските власти влегле во Конзулатот рано утрово.
Овој потег доаѓа откако кинескиот Конзулат во Хјустон, Тексас, беше затворен минатата недела, во услови на обвинување за шпионажа од страна на САД.
САД ги обвини кинеските хакери за кражба на информации од компании во Тексас вклучени во истражување за Ковид-19.
Кинеското Министерство за надворешни работи вчера упати критики во врска со ваквиот потег на Вашингтон, предупредувајќи на „легитимни и неопходни реакции“.