Ahmet Gürhan Kartal
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
ЛОНДОН (АА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лејн, утринава изјави дека сега постои пат до договор, при што ја обнови надежта за можен трговски договор по Брегзит меѓу Велика Британија и Европската Унија пред завршувањето на транзицискиот период, јавува Агенција Анадолија (АА).
Таа изјави дека сѐ уште не може да гарантира дали ќе биде склучен договорот, но дека патот дотаму, иако е тесен, сепак постои.
Зборувајќи во европскиот Парламент, Вон дер Лејен исто така ги предупреди европратениците дека двете страни треба допрва да ги елиминираат несогласувањата во врска со риболовот во меѓусебните води и да ги изедначат условите за игра.
Таа изјави дека ова сега е случај во кој тие се толку близу, а сепак толку далеку едни од други.
Претседателката на Европската комисија исто така изјави дека двете страни се согласиле на силен механизам за неотстапување од работните, социјалните и еколошките стандарди.
„И, се разбира, тешкотиите сè уште остануваат на прашањето како навистина да се докаже фер конкуренција во иднина. Но, исто така, мило ми е што известувам дека прашањата поврзани со управувањето досега во голема мера се решаваат“, додаде таа.
„Почитувани членови, следните денови ќе бидат одлучувачки“, рече таа.
Претседателката на Европската комисија ги даде овие изјави по извештаите дека британската Влада побарала од пратениците од ториевците (Конзервативната партија) да бидат подготвени за гласање за можен договор следната недела.
Пратениците беа подготвени да гласаат за можен трговски договор за Брегзит на почетокот на следната недела, според „Телеграф“.
Британскиот премиер Борис Џонсон и Вон дер Лејен минатата недела на состанокот во Брисел донесоа одлука дека до недела ќе постигнат убедлива одлука за разговорите за трговски договор за Брегзит.
Тие во неделата издадоа соопштение во кое се вели дека се подготвени да надминат „дополнителна милја“ за да се постигне договорот, давајќи надеж за можниот договор.
Велика Британија ја напушти ЕУ на 31 јануари оваа година, но влезе во транзициски период кој треба да истече на крајот од овој месец.
Гласачите во Велика Британија на референдумот во 2016 година, одлучија да го напуштат Блокот по повеќе од 40 години членство.