Afra Aksoy
17 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
КАИРО (АА) - На југот од Египет, во близина на Ел-Вади Ел-Џедид, извршен е вооружен напад врз полициска контролна точка во кој според првичните информации загинале 8 полицајци, а тројца се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Од полициски извори се дознава дека сè уште непозната вооружена група поставила заседа, земајќи ја за цел полициската контролна точка на границата на провинциите Асјут и Ел-Вади Ел-Џедид.
Портпаролот на Министерството за здравство, Халид Муџахид, во изјавата која ја даде за новинарите истакна дека во поставената заседа која за цел ја имала полициската контролна точка, животот го загубиле 8 полицајци, а тројца се ранети.
Портпаролот Муџахид соопшти дека на местото на настанот испратени се голем број амбулантни возила, а ранетите се испратени во локалните болници.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот врз полициските сили.