Ecenur Çolak
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
РИМ (AA) - Во вооружениот напад во Мачерата, во источниот дел на Италија, четри лица беа повредени, меѓу кои и странски државјани, јавува Anadolu Agency (AA)
Италијанската официјална новинска агенција АНСА соопшти дека во Мачерата, источно од земјата, утрово било пукано од возило во движење.
Според првичните информации, меѓу ранетите се наоѓаат двајца странски државјани. Кориере дела Сера (Corriere della Sera), еден од весниците во Италија, информираше дека четири лица се повредени во нападот.
Полицијата уапси 28-годишнот Лука Траини.
Во вестите беше најавендо дека Траини, еден од членовите на екстремната десничарската партија Лега Норд, по вооружениот напад, извикал: „Да живее Италија" и искажал нацистички поздрав.
Како што се соопштува, Треини бил уапсен по прифаќањето на кривичното дело.