Sarp Özer
13 Јули 2019•Ажурирај: 14 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Република Турција во северниот дел на Ирак ја започнаа операцијата „Канџа 2“ врз позициите на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека продолжува операцијата „Канџа“, што Турските вооружени сили (ТСК) ги започнаа на 27 мај на подрачјето на Хакурк и дека во истото подрачје, на северот од Ирак е започната операцијата „Канџа 2“.
„Ноќта на 12 јули 2019 година, топовските батерии на копнените сили и воздушните сили започнаа нова операција на северот од Ирак“, се вели во соопштението на ТСК.
Во соопштението се наведува дека во операцијата се вклучени и воздухопловните сили, хеликоптери АТАК и беспилотни летала. Според последните информации, во операцијата „Канџа“ досега се неутрализирани повеќе од 60 терористи.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.
Планинските региони Кандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Хакурк и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое важи за колевка на терористичкото движење ПКК.