Gülşen Çağatay
22 Октомври 2021•Ажурирај: 23 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Вработувањето обезбедено од секторот за обновлива енергија во светот минатата година се зголеми за 500.000 во споредба со претходната година и достигна 12 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Извештајот за обновливи извори на енергија и вработување подготвен од страна на Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA) и Меѓународната организација на трудот (МОТ), вработеноста во глобалниот сектор за обновливи извори на енергија постојано расте од 2012 година.
Кина е на прво место со 4,7 милиони вработувања во обновлива енергија, 1,2 милиони во Бразил, 838.000 во САД и 726.000 во Индија во овој сектор.
Според извештајот во Европската Унија (ЕУ), отворени се 1,3 милиони работни места.
Вработеноста во секторот за обновливи извори на енергија во светот лани е зголемена за 500.000 во однос на претходната година и достигна 12 милиони луѓе.
- Вработувањето во соларниот сектор достигна 4 милиони -
До крајот на 2020 година, низ светот 4 милиони луѓе најдоа вработување во соларниот сектор. По него следуваат ветерната енергија со 1.250.000 луѓе и секторот за биогорива со 2,4 милиони луѓе.
Според извештајот, 32 отсто од глобалното вработување во секторот на обновлива енергија минатата година го сочинувале жени. Се проценува дека до 2050 година 43 милиони луѓе ќе бидат вработени во секторот за обновливи извори на енергија.
Франческо ла Камера, генералниот директор на Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA), истакна дека политиката за вработување во секторот на обновливите извори на енергија дава значаен придонес во постигнувањето на целите за борба против климатските промени.
„Зголемувањето на инвестициите ќе обезбеди социоекономски придобивки. Можности за вработување може да се создадат истовремено со обезбедување одржливост на животната средина“, нагласи директорот Франческо ла Камера.