Cüneyt Karadağ
08 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
ХАНБУРГ (АА) - На демонстрациите против Г20 во германскиот град Хамбург, можеа да се видат транспаренти на кои се прикажува фотографијата на лидерот на терористичката организација ПКК, Абдулах Оџалан, како и симболи на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијатаво Хамбург соопшти дека околу 20.000 лица учествувале на протестот.
На протестот, чиј слоган беше „Г20, не сте добредојдени“, учествуваа и лица поддржувачи на терористичките организации ПКК, МЛКП и ЈПГ.
Голем број полициски службеници беа мобилиирани за време на протестот, а привлече внимание она што полицијата не интервенираше против забранетите симболи.
Потсетуваме, 213 полицајци се повредени во вчерашните насилни настани во Хамбург, додека 265 демонстранти се приведени.