Газа: Во израелски напад врз училиште со раселени Палестинци убиени најмалку 10 лица
Соопштено е дека екипите ги извадиле телата на оние кои ги загубиле животите во нападот и многуте повредени од урнатините, и дека во подрачјето продолжуваат напорите за пребарување и спасување
ИСТАНБУЛ (АА) - Во израелски напад врз училиштето Јафа, во североисточниот дел на градот Газа, каде што се засолнети раселени Палестинци, загинаа 10 лица, а повеќемина се повредени, според првичните информации, јавува Анадолу.
Информации за нападот даде Дирекцијата за цивилна одбрана на Газа преку соопштение на платформата Телеграм.
Во соопштението се наведува дека Израел го бомбардирал училиштето Јафа, каде што имало засолнето раселени лица во североисточниот дел на градот Газа, и дека според првичните информации, во нападот загинале 10 лица, а повеќемина се повредени.
Се истакнува дека екипите ги извадиле телата на оние кои ги загубиле животите во нападот и многуте повредени од урнатините, и дека во подрачјето продолжуваат напорите за пребарување и спасување.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
