Ala Ataullah,Said İbicioğlu
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
ГАЗА (АА) - Се приведуваат кон крај расчистувањата на урнатините на зградите кои беа урнати во нападите врз Газа од страна на Израел во 2014 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на палестинското министерството за труд се вели дека се приведуваат при крај расчистувањето на урнатините згради во нападите на Израел во 2014 година и дека досега се отстранети 2 милиони и 500 илјади тони шут.
Работата била извршена во координација со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), при што градежниот шут од урнатите куќи и згради бил поставуван по патишта или за производство на градежни материјали, соопшти Министерството.
Одговорниот за Газа при Министерството за труд, Наџи Серхан, соопшти дека отстранувањето на урнатините ќе заврши во рок од два месеца, при работата имале ограничени ресурси и за отстранувањето на шутот во поголем дел бил користен примитивен алат.
Израел на 7-ми јули 2014 година ги започна нападите под името „Заштитна линија“, кои траеа 51 ден, до 26-ти август, кога беше обезбеден прекин на огнот.
Според извештајот подготвен од страна на Министерството за домување, UNRWA и Програмата за развој на ОН (UNDP), во нападите потполно се урнати 12 илјади куќи, 160 илјади куќи се оштетени од кои 6.600 не се во состојба за користење.