Ekip
11 Февруари 2025•Ажурирај: 12 Февруари 2025
ГВАТЕМАЛА (АА) - Спасувачките екипи работат на извлекување на преживеаните по несреќата што се случи во раните утрински часови вчера, кога автобус падна во провалија под мостот Белизе во зоната 6 во Гватемала Сити, јавува Анадолу.
Се тврди дека најмалку 51 лице загинале, а неколкумина други се повредени.
Претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало, прогласи тридневна национална жалост и ја распореди Армијата на земјата и припадниците на Агенцијата за катастрофи да помогнат во напорите за спасување.