Ekipa
01 Јуни 2018•Ажурирај: 02 Јуни 2018
ЦИРИХ (АА) - Светската фудбалска федерација (ФИФА) ja укина суспензијата на Фудбалскиот сојуз на Гватемала, што значи дека оваа земја ќе има право нa глас на 13 јуни, кога ќе се одредува домаќинот на Светското првенство 2026, јавува Anadolu Agency (AA).
ФИФА објави дека е потребно одлуката да ја потврди владејачкиот Совет на 10 јуни во Москва.
Истото тело, Советот на ФИФА, ќе мора да ги одобри и кандидатите за организација на Светското првенство 2026, а тоа се Мароко и заедничката кандидатура на САД, Канада и Мексико.
На гватемалските клубови, официјалните лица и на националниот тим во 2016 година им беше изречена забрана за играње на меѓународните натпревари, сè додека Статутот на националниот Сојуз не биде усогласен со ФИФА.
Отстранувањето на суспензијата на Фудбалскиот сојуз на Гватемала значи дека во Москва кога се одлучува за домаќинот на Светското првенство 2026 година, 207 држави ќе имаат право на глас.
Четири земји коишто се кандидираа за домаќини нема да можат да гласаат.