Cüneyt Karadağ
20 Октомври 2018•Ажурирај: 21 Октомври 2018
БЕРЛИН (AA) - Германската канцеларка Ангела Меркел, откако е објавено дека е убиен саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави дека случајот не е во потполност разјаснет и дека побарале тоа да се направи, јавува Anadolu Agency (AA).
Убиството на саудискиот новинар го оцени како страшно. Меркел изјави дека се уште ништо не е разјаснето ниту расветлено.
Саудиска Арабија синоќа соопшти дека новинарот Кашоги починал по расправија во саудискиот Конзулат. Според наводите на саудиската државна телевизија, 18 државјани на Саудиска Арабија се приведени поради врска со смртта на Кашоги во Конзулатот на оваа држава во Истанбул.
Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Џамал Кашоги, исчезна на 2 октомври, откако влегол во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Кашоги е познат како критичар на политиката која ја води актуелната власт на Саудиска Арабија, а го поддржуваше и весникот „Ал Ватан“ (Al Watan), кој претставува главна платформа на саудиските реформисти.