Erbil Başay
13 Април 2019•Ажурирај: 14 Април 2019
БЕРЛИН (АА) - Германија ќе ги продолжи граничните контроли долж границата со Австрија за додатна половина година, се потврдува за медиумите од Министерството за внатрешни работи на таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради сѐ уште големиот број илегални премини, граничната контрола меѓу Германија и Австрија ќе биде продолжена до 11 ноември оваа година.
Германските медиуми наведуваат дека министерот за внатрешни работи, Хорст Шехофер, за ова го известил првиот заменик-претседател на Европската комисија, Франс Тимерманс.
Во писмото кое го испрати е наведено дека од ноември минатата година до февруари оваа година секој месец се регистрирани околу 950 илегални премини.
Шехофер истакна дека миграцискиот потенцијал се зголемил во Источен Медитеран и на балканскиот пат и дека Германија не може да се откаже од граничните контроли.
Граничните контроли започнаа по 2015 година кога започна и мигрантската криза во Европа.
Контролите на границата последен пат се продолжени до 11 мај.