Ayhan Şimşek
21 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
БЕРЛИН
Германија денес го критикуваше Египет поради неговите планови за воена интервенција во соседна Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
За време на заедничката прес-конференција со грчкиот колега Никос Дендиас по нивниот состанок во Атина, германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас ја изрази загриженоста на Берлин.
„Одлуките за воени распоредувања не можат да се поздрават, бидејќи тие секогаш донесуваат опасност од понатамошаната ескалација“, изјави Мас додавајќи дека Владата на Германија долго се обидува да ги намали тензиите во Либија, разговорите со либиските страни и регионални актери.
Мас потсети дека спротиставените страни настојуваат да ги контролираат покраините Сирт и Ал Џуфра, додавајќи дека се обидува да ги увери двете страни да создадаат „демилитализирачки зони“ околу тие покраини за да се спречи понатамошна ескалација на судирите.
Тој ги повика и либиските страни да се вратат на разговорите во форматот „5+5“ заради постигнување на одржливо примирје кое може да го утврди патот кон политичко решение.
Египетскиот парламент вчера го одобри предлогот за одобрување на воена интервенција во соседна Либија, еден месец откако египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси се закани со воена интервенција во Сирт и Ал-Џуфра.
Либија е разорена од граѓанска војна која нстана по соборување на Муамер Гадафи во 2011 година. Новата влада на таа земја е основана во 2015 година врз темел на договорот под покровителство на ОН, но напорите за долготрајно решение не успеаја поради воената офанзива на силите лојални на Калифа Хафтар.
ОН ја признаваат либиската влада предводена од Фајез ал-Сараџ како легитимна влада, која се брани од милитантите на Хафтар по нападот врз Триполи во април 2019 година. Владата ја започна операцијата „Мирна бура“ против силите на Хафтар за да се спротивстави на неговите напади врз главниот град Триполи и неодамна ослободените стратешки места, вклучувајќи ја и воздушната база Ал-Ватија и градот Тархуна, последното упориште на Хафтар во западна Либија.