Ayhan Şimşek
09 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
БЕРЛИН (АА) - Најмалку две лица загинаа во оружен напад пред синагога во источниот дел на Германија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалниот дневен весник „Билд“ (Bild) објави дека напаѓачите пукале во луѓе пред синагогата во градот Хале и фрлале рачни гранати на еврејските гробишта во близина.
Полицијата на Твитер потврди дека најмалку две лица загинале во нападот и предупреди дека напаѓачите со возило го напуштиле местото на нападот.
Полицијата ги повика луѓето кои живеат во подрачјето да останат во своите домови.