Cüneyt Karadağ
29 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц го поздрави договорот за прием на Шведска и Финска во НАТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ова е многу, многу важна работа за нас. Двете земји одлично се вклопуваат во нашиот сојуз“, нагласи канцеларот Шолц на Самитот на НАТО во Мадрид.
Покрај хуманитарната и финансиската помош, Олаф Шолц, ветувајќи дека ќе ѝ испорача уште оружје на Украина, додаде: „Оружјето кое итно ѝ треба на Украина ќе биде подготвено. Ќе продолжиме со тоа онолку долго и интензивно колку што ѝ е потребно на Украина за да може да се брани.“
Германската министерка за одбрана, Кристин Ламбрехт, нагласи дека нејзината земја ќе ѝ испорача на Украина уште 3 самоодни хаубици од типот „Панцир 2000“.
Ламбрехт, исто така, наведе дека Германија ќе ги поддржи Силите за висока готовност на НАТО со 15.000 војници.
Од залихите на Германската армија досега во Украина се испорачани 7 од овие тешки артилериски возила со дострел до 40 километри.